![]() |
| ||||||
Историски ден за македонскиот ракомет. Избраниците на Лино Червар вечерва им се придружија на своите најголемите ривали, Вардар Про во Лигата на шампионите. Вечерва Металург загуби со 23:19, меѓутоа како клучна се покажа победата во салата ,,Борис Трајковски''.
Македонија има два претставника во најелитното европско ракометно натпреварување, откако покрај шампионот Вардар Про, учество во Лигата на шампионите обезбедија и ракометарите од Автокоманда. Ракометарите на Пик Сегед едноставно немаа шанси против Металург, кој првиот натпревар во Скопје го доби со високи 10 гола разлика. Првото полувреме заврши релативно неефикасно (11:7) за домаќинот, а најголемото водство ракометарите на Пик Сегед го имаа на стартот од второто полувреме (+6). Но во тие моменти блесна Дарко Станиќ на голот на Металург кој им ,,газеше на нерви'' на домашните ракометари со своите одбрани. Српскиот голман натпреварот го заврши со 13 успешни одбрани. Во нападот на Металург вечерва најрасположени беа Павел Атман со 5 погодоци, додека пак Ренато Вугринец натпреварот го заврши со 4 погодоци. |
