Никогаш не е доцна: Актерката ја пронајде љубовта на 80 години

Дејвид ја засмејува, ја следи на премиерите, но иако не живеат заедно, сепак, двајцата се совршено друштво еден за друг

Познатата актерка Џуди Денч беше мажена за британскиот актер Мајкл Вилијмас цели 30 години сè додека не почина од рак во 2001 година. Според многумина, нивниот брак беше невообичаен за Холивуд, со оглед на тоа дека поминале толку време заедно.

- Кога Мајкл одеше на снимање, ден пред тоа, имавме заедничка вечера. Немојте да мислите дека мора да го правите тоа затоа што сте во брак, туку затоа што мора да се вложи труд – рекла таа.


По смртта на нејзиниот сопруг, Џуди се преокупирала со работа само за полесно да ја преболи смртта на нејзиниот сопруг. Не планирала нова љубовна врска, но се зближила со Дејвид Малис, со кого делат љубов спрема животните.

Дејвид ја засмејува, ја следи на премиерите, но иако не живеат заедно, сепак, двајцата се совршено друштво еден за друг.

- Не се чувствувам добро кога сум сама – рекла Џуди за „Australian Women’s Weekly“ и додала дека со Дејвид се чувствува сакано.

Актерката продолжила да работи со полна пареа и нема намера да успори.

- Сè додека ме бараат, јас ќе работам – изјавила познатата актерка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О