Нова теорија: Зошто овој мал град одлучува за судбината на војната и мирот во Украина?!

Дебаљцев пред почетокот на немирите меѓу проруските сили и украинската војска во Донбас, бил град со околу 25.000 жители, а откако најголемиот дел од цивилите во последната недела го напуштиле ова место, во градот останале само од 6.000 до 8.000 украински војници.

На интернет се појавиле тврдења на извесен руски он-лајн магазин - "The Strategic Culture Foundation", дека во градот нема само Украинци, туку и платеници и војници на НАТО. Тие наводно сочинуваат една четвртина од воениот персонал во Дебаљцев, односно од 1.500 до 2.200 војници.

Едуард Басурин, воен службеник од самопрогласената Доњецка Народна Република, наводно открил дека биле пресретнати разговори од Дебаљцев, на чија основа проруските сили заклучиле дека таму има војници од Франција, Велика Британија и Полска, а веројатно и Белгија.


Градот е стратешки важен поради железничките хабови, а колку проруските сепаратисти се заинтересирани да го освојат, зборува и информацијата дека за време на преговорите во Минск, на ниеден начин не сакале да прифатат примирје додека Дебаљцев не падне во нивни раце.


Тоа веројатно била и причината поради која примирјето, наместо да стапи на сила веднаш, било одложено за 48 часа, а постојат и теории дека и на западните преговарачи им одговарало дополнително време, за евентуално извлекување на странските платеници од обрачот.


Руските медиуми областа околу Дебаљцев ја нарекуваат "џеб", а порталот LifeNews објавил снимка од дрон, за која тврди дека е направена над зоната на дејствата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О