Одземени евровизиските гласови на Македонија и Црна Гора

По завршувањето на јубилејното 60-то издание на Евровизија кое се одржуваше во Виена, а на кое победи претставникот на Шведска со песната „Heroes“ беше соопштено дека биле дисквалификувани гласовите од Македонија и Црна Гора.



На официјалната страна на Евровизија се појави соопштение дека гласовите од нашата земја и Црна Гора биле дисквалификувани поради тоа што биле само по пат на телевоутинг. Изземањето на доделените поени од двете држави не влијае на крајниот резултат, се вели во официјалното соопштение од Евровизија.

Според официјалната страница на Евровизија гласањето на двете земји во големото финале не е прифатено по консултација со независен набљудувач на гласањето на натпреварот, а по одлуката на Извршниот супервизор и претседателот на Референтната група.

Во двете земји, гласовите се 100% од телевоутинг (според правилата 50% од гласовите треба да бидат дадени од стручно жири, а останатите 50% од пораки). Исклучувањето на две земји ќе биде дискутирано на следниот состанок на Референтната група во јуни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О