Австриски бордел со бесплатен секс против данокот

Бордел во Австрија ова лето најавува дека со бесплатен секс ќе протестира против преголемите даноци.


„Повеќе нема да плаќаме данок. Бесплатен влез, бесплатен пијалак, бесплатен секс – Стапува на сила веднаш“, објави на интернет борделот „Pasha“ во Салцбург. Жената којашто одговарала на телефонските повици на новинарите во неделата, тврдела дека не станува збор за шега или реклама.

Весникот Oesterreich објави фотографија на којашто мажи во редица чекаат на ред пред споменатиот бордел. Сопственикот Херман Милер изјавил за весникот дека од сопствената сметка ќе надомести 10.000 евра колку што проститутките во борделот би заработиле за еден месец.

Милер води бордели во уште четири градови во Австрија и во Германија, а и претходно во медиумите се жалеше на претераните даноци. Тврди дека само на властите во Салцбург последните десет години има платил речиси пет милиони евра данок.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О