Вечерва започнува летното сметање на времето, со поместување на часовникот за еден час нанапред. Летното сметање на времето почнува ноќеска во 2 часот по полноќ кога со поместување на стрелките еден час нанапред ќе се смета дека е 3 часот по полноќ, информира Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава.