Дали сте размислиле некогаш зошто нашето тело прави некои
одредени нешта, како на пример зошто се тресеме, зошто во екстремитетите
ни се појавува чувство дека не’ боцкаат игли, зошто ни се собира кожата
на прстите? Еве ги објасненијата.
Тресењето е рефлексивна реакција на нашето тело поради студот кој го чувствуваме. Самото тело, односно нервниот систем, ја тера нашата мускулатура да се контрахира на минимално ниво, на тој начин создавајќи топлина на одредени делови од телото.
Автономниот нервен систем контролира многу нешта, а една од нив е и циркулацијата. Ако некој е под стрес или прима одредена медикација, има вирус, автоимуна болест, фибромијалгија или друго, телото смрзнува, предизвикувајќи го нервниот систем да не’ натера да се тресеме, со што создава топлина.
2.Зошто ни се собира кожата на прстите кога поминуваме подолго време во вода?
Науниците мислат дека го имаат одговорот на прашањето зошто прстите ни изгледаат како сува слива откако ќе поминеме повеќе време под вода. Лабораторски тестови покажале дека тоа е предмет на долговековната човекова еволуција: порано луѓето поминувале повеќе време под вода, а насобраната кожа на прстите им служела за подобро да ги фаќаат предметите под вода. Нешто слично како наборите на зимските пневматици.
3.Зошто ни „гргорат“ цревата?
Сигурно се запрашувате зошто нашите внатрешни органи го предизвикуваат оној чуден, гласен звук кога сме гладни? Всушност, тој звук нашите црева и желудникот го произведуваат постојано, но го слушаме само кога желудникот е празен. Тоа може да се објасни со примерот на човек кој седи сам во празна соба. Ако собата е полна со луѓе и мебел, гласот на човекот не се слуша премногу. Но ако остане сам во собата , неговиот глас е многу погласен.
4.Зошто чувствуваме трнење на стапалата и дланките?
Она чувство кое се појавува во нашите екстремитети кога немаат доток на крв и ни се чини дека екстремитетот ни „заспал“, всушност значи дека тој „се буди“, односно дека нервот кој бил притиснат сега добил доток на крв и нагло се активирал.
5.Чувството на паѓање кога заспиваме
Чувството на паѓање кое го добиваме додека заспиваме, и сме во полусон, всушност покажува дека нашето тело спие, а мозокот ни е се’ уште активен. Така мозокот создава илузија дека нашето тело е во движење, и толку реално ја извршува таа симулација што ние навистина мислиме дека паѓање.
6.Смрзнување на мозокот
Кога јадеме нешто многу студено, ни се чини дека мозокот ни е смрзнат и престанува да ни работи. Тоа е така затоа што од големиот студ во нашата уста некои нерви се закочуваат и се забавува циркулацијата, и изгледа како нашата глава да е притисната и мозокот ни е под притисок.
Еве и практично објаснување за сите овие појави: