Во близина на тунелот Стражевица во белградскиот кварт „Петлово брдо“ утрово експлодира гасовод, во експлозијата нема повредени.
Пламенот беше висок 30 метри, но не предизвика опасност за населението, бидејќи првите куќи се на околу еден километар од местото на пожарот.
Четири противпожарни возила на „Србијагас“ со 15 пожарникари учествуваа во гаснење на огнот.
Причина за експлозијата е дефект во гасниот систем на магистралниот гасовод МГ-05 крај Ибарската магистрала, јави Танјуг.
Поради хаваријата без гас денеска ќе останат две села во непосредна околина.