Обично, кога на телевизија се емитува содржина која содржи експлицитни сексуални сцени, тоа е дел порнографската индустрија, но како тогаш може да го класифицираме разменувањето на нежности во телевизиско студио, пред камерите?
Замислата на најновата емисија која набрзо ќе почне да се емитува е паровите, два стрејт и еден геј, да водат љубов во "кутии", а потоа за тоа да зборуваат со водителката на емисијата Мариела Фрострап и експертите на ова поле.
Емисијата се нарекува "Секс кутија", а нејзината цел е веќе споменатиот слоган, но и разговарање за сексот на зрел и интелигентен начин. Првата емисија веќе е снимена и
ќе биде емитирана на 7 октомври.
"Не станува збор за техничкиот дел од сексот, туку повеќе за разговорот за истиот и што значи тој во животот на вљубените парови.
Во последно време порнографијата е во подем, но никаде не се водат разговори за реалниот секс во животот на луѓето", изјави Ралф Ли, вработен во "Channel 4".