Луѓето кои прават сè со левата рака се доста поретки од деснаците, па можеби затоа за нив има и доста поинтересни факти.
Ова се неколкуте кои ќе ве воодушеват доколку не сте ги знаеле:
- Во Месопотамија левата рака била симбол за несреќа, а хебрејските предци ја поврзуваат со демоните.
- Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век сите леваци немале право да се венчаат, ниту пак да имаат деца.
- Во Велика Британија постои здружение кое се грижи за леваците. Основано е во 1990 година, а за задача има да им го олесни животот на неговите членови.
- Од 1976 година во САД се празнува денот на леваците, секој 13 август.
- Според статистиките, 11% од населението во Европа се леваци.
- 2/3 од леваците се припадници на машкиот пол.
- Пресметано е дека во последниот век, бројот на леваците е зголемен за четири пати.
- Кина е најнаселена држава, но има најмал процент на леваци - само 1,5%.
- Во 12% од случаите со еднојајчани близнаци, едниот е левак, едниот е деснак.
- Леваците се личности кои најчесто имаат коефициент на интелигенција над 131.
- На некои јазици десно има и значење како нешто правилно, исправно ( пр. Англискиот) а со тоа левото се означува како нешто погрешно.