Нова игра со пиење чаши


cugaj1
Игрите на пиење не се измислeни само за откачени студенти, со помош на овие игри живнува мртвата забава, полесно си запознаваш нови другарчиња, а ... 
...уште полесно флертуваш. Добра игра на пиење е онаа која што може лесно да се разбере и нема потреба од некои посебни вештини за да може секој да ги игра, зошто најмалку што сакаме е некој да биде дискриминиран.
Работата е што има толку многу игри и е тешко да избереме неколку, но едно е сигурно, која и да ја избереме гарантираме часови полни со смеење и забава, па потоа целовечерна љубов со шољата...сами одлучете што ќе дојде прво ;)
Ќе започнеме со една едноставна игра...

Оди по риба (Go-fish)
За оваа игра ви е потребен само еден шпил карти и банда од големи љубители на алкохол.
На секој играч му се делат по 7 карти, останатиот дел од картите се оставаат на средина и се влече од нив. Задачата е да ја најдеш картата со иста бројка кај некои од играчите (пр. Ако играчот има една 7ца бара 7ца од останатите што ја играат играва).
Ако играчот од кој што ја барате картрата ја нема таа карта, ви вели “Оди по риба” (јас би одбрал некоја наша фраза, пр. "цугај" Smile), и вие треба на екс да ја испиете чашката ставена на масата која е наменета за играта и да влечете карта од купчето карти.
Бидејки оваа игра може да трае многу, препорачуваме да не претерувате со дозерите.
Доколку пак, откако “одите по риба” и картата која ќе ја извлечете од купчето е таа што сте ја барале, тогаш играчот од кој сте ја побарале картата треба да се напие 2 голтки од својата пијачка.
Како за крај, доколку играчот на кој сте му ја побарале картата ја има картата, а вели дека ја нема, треба да испие толку пијачки колку што е вредноста на картата.
И на крајот на играта, ако сеуште не сте дорбо напиени, еве еден предлог, сите губитници мора да испијат толку голтки алкохол колку што има парови собрано победникот.
Како за почеток доста ви е една игра, не се секирајте…. to be continued ;)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О