Станува збор за извесен Михаил, под чие што влијание, како што изјавиле членовите на семејството Царнаеви, Тамерлан се откажал од спортот и музиката и му се посветил на исламот.
"Михаил "владееше со мозокот на Тамерлан"", изјавил чичкото на браќата терористи. Според некои претходни извештаи, мајката на Џокар и Тамерлан, била онаа која што го вовела постариот брат во радикалниот ислам.
Според досегашните сознанија, Тамерлан бил оженет и со 24 годишната Кетрин Расел која што целосно го сменила својот живот и преминала во исламот само поради својот сопруг, со кого има и ќерка, а според последните информации, таа била и личноста која што му соопштила дека ФБИ знае за него и дека го бара. Агенцијата "AP" објавила дека нивната мајка е потомок на дегестански вахабист. Само како потсетување, при бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, кој што го изведоа 26 годишниот Тамерлан и 19 годишниот Џокар од Чеченија, својот живот го загубија три лица, а повеќе од 200 беа повредени и дел од нив се уште се во критична состојба. |