Три години пред почетокот на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Франција, УЕФА во Париз го претстави логото на континенталниот турнир.
Заштитниот знак го изработи португалската агенција Brandia Central која истата задача ја одработи и на минатогодишното првенство во Полска и Украина. На Европското првенство во 2016 година за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации. Ждребката за квалификациите ќе се одржи на 9 март следната година во Ница, а Европското првенство ќе се одржува од 10 јуни до 10 јули 2016 на десет стадиони ширум Франција.