Со дроги се започнува најчесто од љубопитство, од желбата за докажување во друштвото, а се посега и во моменти на депресија или целосен неуспех во животот. Некои од наркозависниците се од дисфункциоанални семејства со најразлични семејни проблеми, најчесто поради развод на родителите. Но, има и такви од поимотни, средени семејства кои имаат сè во животот, но решаваат да земаат дрога.
Алармантно е што последниве години во Македонија и девет и десетгодишни деца, а има случаи и на осумгодишни деца, употребуваат дроги. Бројот на малолетни лица до 14 години само во Скопје е 40, а нивното лекување е многу тешко -, посочува Христијан Јанкулоски од невладината ХОПС.
M.В.