Згрижената Мина има потреба неколку дена да се опорави од
шокот, бидејќи и самата не е свесна што и’ се случило и не ја кажува
точната приказна. Сега е под контрола на одделението за
невропсихијатрија во една градска клиника во Белград.
„Мина е подобро, но се’ уште не е во состојба да дава било какви
изјави. На лечење е на невропсихијатрија и сигурно ќе и’ требаат барем
уште неколку денови макар малку да се поврати од шокот“ – изјавил Зоран
Пуношевац, адвокат од Крушевац и очув на манекенката Мина Миленковиќ.Откако беше пронајдена покрај патот во тревата од страна на момче и девојка, кои веднаш ја викнале полицијата, дезориентираната Мина, која била тешко дехидрирана, им раскажала на полицајците дека е киднапирана, претепана и силувана. Неколку часа подоцна се испостави дека Мина лаже.
Порано денеска беше објавено дека полицијата се сомнева дека Мина нешто крие, бидејќи одбила да го предаде својот мобилен телефон.
„Навистина не знам од каде излегоа овие информации по медиумите, со оглед на тоа дека Мина не даде ниту една изјава на никого, па дури ни на полицијата. Ќе ги тужам сите кои објавуваат глупости и на тој начин го уништуваат животот на една толку млада девојка“ – бесно изјавил очувот на Мина, кој дури и се заканил со отказ на еден репортер на српски Курир.