Овој 532 милиони долари вреден проект го дизајнираше британската компанија Аткинс. Луксузниот хотел ќе има 380 соби на 19 катови, од кои два ќе бидат под вода.
Остатокот од хотелот ќе биде вграден во планински терен, а гостите ќе може да се бават со водени спортови на езерото и да ги користат карпите за искачување, но и да изведуваат банџи џамп скокови.
Се очекува изградбата на ова „чудо“ да трае 3 години, а цената за преноќување ќе биде околу 300 долари.
Двата подводни спратови ќе имаат аквариум со стаклени ѕидови, кои ќе служат како прозори за ресторани и сали.
Исто така, гостите ќе имаат поглед на 100 метри високиот водопад од своите соби.
Хотелот е дел од многу поголем проект за изградба на Шимао Шангај Вондерленф тематскиот парк.