Во истражувањето учествувале 84 мажи кои доброволно се пријавиле за учество. Притоа, се покажало дека оние кои вежбале и дишеле онака како што налага јогата можеле да го контролираат парасимпатичкиот и симптичкиот нервен систем, на тој начин влијаејќи и на бројот на срцеви отчукувања.
Со подобра контрола на пулсот докажано е дека луѓето можат да се носат со различни облици на психолошкиот стрес, но и возбудувања од секаков вид, што многу корисно влијае на работата на срцето, а со тоа и на општата благосостојба.
Јогата исто така нуди и многу други бенефити – вклучувајќи и подобрување на психолошката состојба, подобрување на држењето, смалување на болките итн.