Компанијата „О2“ ги претстави ракавиците кои истовремено се и телефон, па сега буквално може да „ѝ зборувате на вашата рака“. Тие имаат звучник во палецот и микрофон во малиот прст кои може да се поврзат со било каков мобилен телефон преку „Блутуд“.
Има розева верзија за жени и кафена за мажи. Ракавиците биле дизајнирани од Шон Мајлс и биле направени од стари ракавици и рециклирани телефонски делови.