Полицијата во Охрид за време на викендов имаше полни раце работа

Полицијата во Охрид за време на викендов се занимавала со малолетници и пијани возачи.
Според информациите од МВР, биле откриени тројца возачи под дејство на алкохол, кои веднаш биле исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

За време на викендот, екипи на СВР Охрид извршиле контроли во сите ноќни клубови, кафулиња и ресторани во градот, при што биле откриени малолетници кои по полноќ се забавувале во кафе барот „Шила“.

Исто така биле регистрирани и неколку прекршоци по законот за јавна чистота во Охрид и Пештани.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О