Жерновски: За патувања во Италија-потрошени 1,5 милиони евра

1,5 милион евра поранешни градоначалници, раководители и скулптори потрошиле за патувања во Италија, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на пресот одржан пред зградата на Јавното обвинителство.

Одговарајќи на прашањето на советничката Весна Милосавлевска, дали има информации за потрошена голема сума пари за патување до Италија од екс-градоначалници, скулптори и вработени во општината, Жерновски одговори дека 57 лица на товар на Општина Центар патувале во Фиренца, Верона, Милано за поблиску да се запознаат со условите каде ќе се леат спомениците од проектот Скопје 2014.

Тие патувања се однесуваат на скулпторката Валентина Стефановска- таа била во Италија 25 пати, додека поранешниот претседател на Советот, Владимир Здравев- 8 пати.

Нејасно е, рече Жерновски зошто тој морал да отиде во Италија, а уште помалку што бара екс-раководителот на секторот урбанизам, или пак екс-раководителката за јавни набавки.

-Трошокот за авионски билети е нешто помалку од 1 милион евра, или вкупно 1.5 милион евра се потрошиле за патување и сместување во Италија. Прашувам што барал претседателот на Советот таму и кој се согласил буџетот на Центар да се олесни за 1.5 милиони евра, изјави Жерновски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О