Одбележување на 18 Август – Денот на АРМ

Со свечено постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје и концерт на воениот оркестар на плоштадот „Македонија“ денеска ќе се одбележи 18 Август – Денот на АРМ.

На свеченоста пред МО и ГШ на АРМ, ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, заменик – министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ и вработените во МО и ГШ на АРМ.
Како што е најавено, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О