Препукувања во Центар за „Скопје 2014“

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска до Јавното обвинителство го поднесе првиот дел од ревизијата на проектот „Скопје 2014“, кој според него, содржи сериозни индиции за незаконско работење, и оттаму претставува основа за постапување на обвинителството. Длабока инволвираност во незаконското работење покрај локалната имала и централната власт, рече Жерновски, по доставувањето на документот во архивата на Обвинителството.

Подоцна, на седница на Советот на општина Центар, Жерновски излезе со информација за тоа колку од буџетот на општината биле потрошени пари, а во врска со „Скопје 2014“ само за патување во Италија. Според ревизијата, милион и пол евра биле потрошени на авионски карти и сместување. Главната архитектка Валентина Стефановска била дури 25 пати во Италија од кои најмногу во Фиренца, каде е леарницата каде се лееја спомениците, а претседавачот со Советот на општината во Италија бил осум пати.

На овие наводи на Жерновски, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар на прес-конференција кажаа дека градоначалникот Андреј Жерновски е прогласен за ненадлежен градоначалник кој со ревизијата на „Скопје 2014“ бега од одговорност, а за самиот документ дека е сосила напишан.

Тие го повикаа градоначалникот да поднесе тужби за сите обвинувања, ако е навистина убеден во неправилностите со градбата на „Скопје 2014“. На прашањата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за ветените, а нереализирани проекти на Жерновски во првите сто дена, градоначалникот со контра одговор дека тоа е делумно и поради празната каса од која се одлеале пет и пол милиони евра буџет предвиде
н за оваа година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О