Германија не прикажала 27 милијарди евра дадени за спас на други држави

banka-po-greshka-mu-isplatila-200-milioni-evra-84015Германското Министерство за финансии не прикажало речиси 27 милијарди евра од учеството во економскиот план за спас на држави од еврозоната.

Официјалните податоци според кои спасувањето на задолжените држави од еврозоната и ризиците од тоа може да ја чинат Германија 95,3 милијарди евра, се многу зголемени. Според весникот Фракфуртер алгемајне цајтунг, учеството на федералната република во програмите за помош на Грција, Шпанија и Португалија може да биде 122 милијарди евра.
Весникот посочува дека претходно објавената сума од Министерството за финансии од 95,3 милијарди евра, се формирала од средства вложени во Европскиот фонд за финансиска стабилност и Европскито стабилизациски механизам.
Министерството не објавило за 20 отсто учество во Европскиот механизам за финансиска стабилизација чиј обем е 60 милијарди евра, а и кредитите на Атина кои се 15,2 милијарди евра.
Во исто време, дел од економските аналитичари стравуваат дека кредитите од Германија за државите во криза нема да бидат вратени.
– Ако грчкиот долг пак, биде преструктуиран, Германија може да загуби уште десетици милијарди евра, наведува Јорг Рохол од Економскиот совет во германското Министерство за финансии. Засега Министерството не даде коментар за информациите на весникот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О