Крај на рецесијата во Европа?

Германската економија во вториот квартал бележи развој каков што не е забележан од пред една година. Дали е тоа доволно да ја извлече еврозоната од рецесија? Тоа е под знак прашалник, смета Ролф Венкел.

На прв поглед најновите податоци за економскиот растеж се наменети за ширење добро расположение. По стагнацијата зимоска, потрошувачите кои се расположени да купуваат, растечките инвестиции и зголемената побарувачка од странство се погрижија економското постигнување во Германија во вториот квартал да порасне за 0,7 проценти - најголем плус по една година.

Бидејќи Германија, како најголемата економија во Европа, добива толкав залет што може да им помогне и на соседите да застанат повторно на нозе, многумина набљудувачи веруваат дека рецесијата во Европа веќе можат да ја прогласат за завршена. И Франција, второто по големина стопанство во еврозоната, пролетта забележа неочекуван плус од 0,5 проценти, дури и минусните бројки во Шпанија и Италија статистичарите ги вреднуваат како успех, зашто се помали отколку во претходните квартали.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О