Египет го крена светот на нозе

Белгија најави дека ќе ја затвори Амбасадата во Египет поради зголемените тензии во Египет. Персоналот на дипломатската мисија ќе биде евакуиран, пренесува МИА.
Во исто време, официјален Париз повика на смирување на ситуацијата во Египет и изрази силна вознемиреност поради насилството.

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг ја осуди денешната употреба на сила во Каиро, додавајќи оти стравува поради ескалација на насилството во земјата.

Претходно, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд истакна дека одговорноста за настаните во Египет и за смртта на демонстрантите е на режимот.

Иранското Министерство за надворешни работи го осуди насилството во Египет предупреди дека денешните настани би можеле да имаат сериозни последици.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О