Илиевски: Гечевски е последниот дел од мозаикот

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојниот пријателски натпревар против Литванија, единствениот домашен дуел на „црвено-жолтите“ во пресрет на Евробаскет 2013. Селекторот Алеш Пипан го скрати списокот на 14 играчи, па Марковски и Штериов се вратија дома и ќе стартуваат со подготовките со своите клубови, МЗТ Скопје, односно Кожув. Словенечкиот стручњак најави дека шанса против Литванците ќе добијат сите кошаркари, воедно потенцирајќи дека конечниот список на патници за ЕП ќе биде обелоденет на еден ден пред тргнувањето за Словенија.

„Остануваат уште три седмици до почетокот на ЕП 2013, минавме половина од подготовките, конечно се комплетиравме и сега многу напорно работиме во домашната арена. Се подготвуваме за дуелот со Литванија кој е од пријателски карактер и на кој ќе испробаме некои варијанти. Шанса ќе добијат сите играчи, резултатот не ни е во прв план, иако би сакале да се претставиме во што подобро светло пред нашите навивачи бидејќи тоа е прва и последна средба во Скопје во овие контроли. Задоволен сум од работата на играчите, кои даваат се од себе на секој тренинг“ - истакна селекторот Пипан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О