Фотографии од подготовките за концертот на Роби Вилијамс

Роби Вилијамс денеска ќе настапи во Загреб. Обожавателите од регионов веќе се на пат до хрватската престолнина. И од кај нас има голем број обожаватели на светската ѕвезда, кои ќе присуствуваат на концертот на "Максимир". Меѓу нив има и голем број познати личности. Меѓу нив се пејачката Тамара Тодевска, манекенката Катарина Ивановска, диџејот Зоки Бејбе, новинарката Ели Пешева и голем број обожаватели кои со години го чекаат својот идол во регионов..

Гостувањето на Вилијамс во Загреб е во рамките на неговата турнеја "Take the crown". На стадионот Максимир веќе неколку дена има подготовки за големиот музички настан

Освен најпознатите хитови Роби ќе изведе и неколку нумери од новиот албум "Take the crown". Вилијамс на сцената ќе го придружуваат 11 музичари. Публиката освен квалитетна изведба, ќе добие и одлично сценско шоу.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О