Металург го декласираше Версај

На турнирот „Струга 2013“, екипата на Металург го декласираше францускиот клуб Версај со високи 32:19.

Во текот на целиот натпревар, екипата од Франција беше во подредена улога а како доказ за тоа е резултатската негатива која ја имаше уште од самиот старт.

Во воведните 15 минути, екипата од Автокоманда успеја да поведе со +6 (13:7) а на пауза, успеја да замине со високи +8 (19:11). Во вториот дел пак, Червар прилично ги ротираше играчите, им даде шанса на сите ракометари кои беа на присутни на паркетот но резултатот стануваше се поголем и поголем и на крајот, семафорот покажуваше огромни +13 разлика предност за ’металурзите’ (33:19).

Во финалето, кое ќе се одигра утре со почеток во 21.00 часот, Металург повторно ќе има француски противник, Иври.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О