Во Египет се пука, а нашиве запнале да летуваат

Во Шарм ел Шеик и во Хургада речиси две недели нема македонски туристи кои летуваат преку домашните агенции, но можно е да има наши граѓани кои таму отишле преку српски агенции

Во египетските летувалишта веќе десетина дена нема македонски туристи кои заминале преку домашните туристички агенции. Сепак, дел од нашите граѓани вообичаено ги користат аранжманите на српските агенции, па постои можност во Шарм ел Шеик и во Хургада сепак да има и наши туристи, иако македонскиот амбасадор во Каиро, Миле Манолев, информира дека никој досега не се јавил во амбасадата.
Во неколкуте туристички агенции кои годинава организираа поволни аранжмани за летување во Египет велат дека поради заострувањето на ситуацијата во таа земја ги прекинале и продадените аранжмани. Некои тоа го сториле пред еден месец, а некои пред десетина дена. Исто така, откажан е и единствениот редовен лет за Египет на Ер Каиро од Белград, кој го користеа дел од домашните агенции за транспорт на патниците.
Во агенцијата Аурораа велат дека внимателно го следеле развојот на ситуацијата во Египет и пред десетина дена решиле да ги стопираат аранжманите. Пред извесно време оттаму безбедно се вратило и последното македонско семејство кое заминало преку оваа агенција, а две семејства кои имале уплатено биле пренасочени за Анталија, Турција.
- Годинава имаше огромен интерес за аранжманите за египетските летувалишта. Но, поради заострување на немирите во Каиро решивме веќе да не праќаме патници на тие дестинации. Инаку, се уште се јавуваат граѓани кои сакаат да летуваат во Египет, но ние ги информираме дека аранжманите се прекинати велат во Аурораа.
Одлуката да не се реализираат овие патувања агенцијата ја донела и покрај сознанието дека Шарм ел Шеик и Хургада се на 500 километри од Каиро, па додека таму имало туристи од Македонија не се чувствувало што се случува во египетската престолнина.
Агенцијата Контикии годинава понуди најмногу аранжмани за Египет, но велат дека престанале да ги продаваат уште пред еден месец. И други македонски туристички агенции ги откажаа аранжманите за Египет уште на почетокот на кризата во таа земја.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О