Крај и за Мареј во Синсинати

Британецот Енди Мареј, втор носител на Мастерсот во Синсинати, е второто звучно име кое натпреварите ги заврши во полуфиналето.

Мареј, во четвртфиналето, загуби од Томаш Бердих со 3:6, 4:6, мечот траеше 92 минути.

Вимблдонскиот шампион, во текот на мечот, со исклучок на првиот гем, не можеше да ја пронајде својата игра, направи премногу грешки, што Чехот знаеше да го казни и да стигне до шестата победа во нивниот 10-ти меѓусебен дуел.

Претходно турнирот заврши и за првиот носител Новак Ѓоковиќ кој со 1:2 (6:7, 6:3, 7:5) загуби од Џон Изнер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О