„Ауди“ е број еден во светот

Борбата за прво место помеѓу производителите на луксузни автомобили заврши со победа на „Ауди“, кој во јули беше прв на листата на најпродавани премиум производители, пред БМВ и „Мерцедес“.

„Ауди“ имаше успешен почеток во втората половина од годината, со околу 131.300 продадени возила во тек на јули, што претставува пораст од 9,8 отсто во однос на лани. Овој автомобилски бренд веќе два пати за период од три месеци се најде пред БМВ, кој во јули продаде 128.594 возила. „Мерцедес“, кој според резултатите „Ауди“ го остави зад себе уште во 2011 година, во истиот месец продаде 116.790 возила.

На светско ниво „Ауди“ продаде околу 911.800 возила во првите седум месеци од годината со што веќе станува извесно дека ќе ја оствари првобитната стратегиска цел - продажба од 1,5 милиони автомобили годинава. Ваквите бројки се потполно во согласност со напорите до 2020 година да го премине прагот од два милиона продадени возила во текот на една година. Најголеми придвижувачи на растот моментно се А3 и К3, но и останатите модели од СУВ-сегментот.

„Ауди“ веќе шеста година едноподруго е лидер и најпродаван бренд на македонскиот пазар во сегментот на луксузни автомобили. (Ек.Р.)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О