Започна инфраструктурно уредување на Реонски центар „Аеродром“

Во населбата Реонски центар „Аеродром“, денеска почна изградбата на комплетна инфраструктура.

aerodrom500
Како што рече градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, со овој проект не само што ќе се поврзат сите објекти во населбата, туку ќе се обезбеди уште еден излез на булеварот „Видое Смилевски – Бато“. Со тоа ќе се растовари постојниот сообраќај.
Проектот опфаќа изградба на нови сервисни улици со тротоари во вкупна должина од околу 1,5 километри, кои ќе бидат целосно осветлени. Исто така, во рамките на проектот ќе бидат изградени околу 1.000 паркинг места.
-Потребата од изградба на комплетно нова инфраструктура е неопходна поради се поголемиот број нови станбени објекти во овој дел од општината, изјави градоначалникот Коневски.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека новата инфраструктура значително ќе го подобри животот на станарите од населбата.
-Пред неколку години тука немаше никаква градба, беше мочурливо земјиште. Пристапивме кон изградба на детален урбанистички план, тука се изградија станови за млади брачни парови, кои беа доделени по електронски пат. Како  Министерство за транспорт и врски во соработка со општината продадовме неколку локации за изградба на станбени објекти со деловен простор и  ова е последен чекор за целосно завршување на овој кварт во Аеродром. Тоа беше едно од главните барања на станарите за подобрување на инфраструктурата и за дополнителен пристап на булеварот „Видео Смилевски Бато“, изјави Јанакиески.
Изградбата на инфраструктурата ќе чини 70 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Реализацијата на проектот се очекува да заврши на почетокот на наредната година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О