Жерновски без конкретни одговори, бараше изговори

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар и самата партија досега во неколку наврати го обвинија градоначалникот Андреј Жерновски за неспособност да ја води општината Центар. На денешната седница на која се поставуваа прашања до градоначалникот, тој на многу не даде конкретен одговор, притоа барајќи изговори и повторувајќи веќе познати работи.

opstina-centar.Still001.jpg
Буџетот е празен, 100 дена се малку за реализација на ветеното, честите инспекции на Државниот инспекторат за урбанизам... Овие работи беа најголемото алиби и изговор за прашањата  за нереализираните ветени проекти кои денеска беа поставени на првата седница на која актуелниот советнички состав во Општина Центар поставуваше прашања до градоначалникот.
На прашањата за доцнење на реализацијата на проектите кои беа ветени во текот на изборната програма градоначалникот Жерновски со одговор дека Буџетот на општината е празен и оти нема пари за да го оствари ветеното. За доцнење на реалицијата на дел од проектите, Жерновски со изговор дека 100 дена се малку за да ги реализира ветените проекти и оти граѓаните треба да почекаат четири години за реализација на проектите кој требаше да реализираат во првите 100 дена.

На прашањето на советникот Илија Илиоски кое е новото решение за „Мал ринг“ и зошто овој проект е спорен и покрај тоа што неговата конфигурација 90 отсто е слична со проектот од 1997 година, кој беше поддржан од СДСМ, градоначалникот Жерновски го избегна конкретниот одговор на прашањето и го повтори истиот став дека „Мал ринг“ не е во согласност со Генералниот урбанистички план.

Одговарајќи на прашањето на советникот Томислав Лазаревски дали ќе се гради паркот во Капиштец како што беше презентиран, градоначалникот Жерновски одговори дека изготвен е проект за паркот Капиштец,  но се доцнело поради жалбата на еден од заинтересираните и дека сега процесот на подготовка е сега завршен. Побара сите советници, без разлика на партиска припадност, да апелираат работата на општината да не се кочи со секојдневните инспекции.
Честите инспекции на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво Жерновски често ги користеше како изговор за започнатите проекти кои се уште не се реализирани. Според него, општината Центар била општина со најголем број инспекции, а ни самиот не знаеше да одговори зошто е тоа така.

На прашањето на советничката Даниела Рангелова до каде е реализацијата на ветените проекти за грижата на повозрасните лица и за бесплатните лекарски прегледи, Жерновски со одговор дека тоа се сегменти кои не успеал да ги покрие во првите 100 дена и дека му е потребен период од четири години. На прашањето за ангажирање на посебни лица кои ќе се грижат за безбедност во сообраќајот на децата, Жерновски со одговор дека има намера да го реализира овој проект, но засега нема ништо од негова реализација.

На ветените проекти за реконструкција и реновирање на сите училишта во првите 60 дена од неговиот мандат, градоначалникот на општина Центар со истиот изговор дека општинската каса е празна и оти за 100 дена е невозможно да се реализираат сите овие проекти. Сличен беше одговорот и за училиштето во населбата Капиштец, за кое тој очекува финансиска помош од Министерството за образование и наука.
-Проектите не може да се реализираат бидејќи наидовме на празна каса и потрошен буџет за цела наредна година, изјави Жерновски.

Најостра дебата се водеше околу проектот Скопје 2014 за кој градоначалникот на општина Центар посочи дека постојат сериозни елементи и индиции за незаконско работење. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Жерновски како градоначалник на Општина Центар да не губи време туку ако навистина е убеден во неправилности при изградбата на „Скопје 2014“ лично или во името на Општина Центар да поднесе тужби за сите обвинувања.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека целиот проект е легален, а тоа го покажале и двете ревизии на Државниот завод за ревизија во кои, нема констатирана никаква неправилност во постапките.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О