ФОТО: Вечерва ќе дознаеме која е најубавата Македонка

Вечерва во 21 часот, во хотелот Романтик во Дојран ќе се одржи големото финале на изборот Мис на Македонија 2013 за Мис Глоуб.

Вчера вечерта се одржа последниот полуфинален избор во Свети Николе, каде беа избрани трите најубави девојки. За најубава светиниколчанка беше прогласена Симона Станковска. Прва придружничка е Кристина Димитријевска, додека втората е Христина Тончевска.
Вечерва на финалето ќе се претстават 15 финалистки во неколку излегувања. Девојката која ќе победи ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2013, додека а придружничките ќе можат да учествуваат на други интернационални избори за кои модното студио Црнокрак поседува лиценци.

Гостите ќе ги забавуваат Дарко Илиевски, Елвир Мекиќ и Зои Блаж.  Водителка на финалето ќе биде убавата Светлана Црнокрак.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О