Литванците пристигнаа во Скопје

Репрезентацијата на Литванија со 13 кошаркари попладнево пристигна во Скопје за натпреварот против Македонија кој ќе се одигра во сабота во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20.00 часот.

Од првично планираните 14 кошаркари, единствено Адан Јушкевичиус не допатува во нашиот главен град со остатокот од својата екипа, а селекторот Јонас Казлаускас за натпреварот против Македонија ќе може да смета на:

Мартинас Поциус, Мантас Каленитис, Даријуш Лавринович, Јонас Мациулис, Томас Делининкатис, Реиналдас Сеибутис, Линас Клеиза, Мартинас Гецевичиус, Јонас Валанчиунас, Робертас Јавтокас, Витенис Чижаускас, Миндаугас Кузминскас и Донатас Мотиејунас.
Утре изутрина Литванците ќе го одржат единствениот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ пред натпреварот со нашата репрезентација закажан за 20.00 часот.
Инаку, ова е прво гостување на кошаркарската репрезентација на Литванија во Скопје, откако по Евробаскетот 2011, лани во рамки на подготовките за Олимписките Квалификации во Венецуела, Литванија и Македонија одиграа пријателска средба во Клаипеда. Македонија победи на тој натпревар со 78-74.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О