Жена по која се вртат и жените

Италијанската филмска дива Моника Белучи моментално се наоѓа во Требиње, работи за локација на филмот „На Млечниот Пат“ на Емир Кустурица

Италијанската филмска дива Моника Белучи моментално се наоѓа во Требиње и тука ќе остане две недели, бидејќи се работи за локација на филмот „На Млечниот Пат“ на Емир Кустурица, каде што таа има главна женска улога.

Оваа убавица никогаш не правела фама околу својот изглед. Мајка е на две ќерки и за време на своите бремености кои се најдоа овековечени на насловниците на светски магазини, храбро изјавувала: „Се чувствувам блажено како зрела крушка...“

Убавата Италијанка спаѓа во тип на актерки кои на филмот му даваат посебен белег. Родена е 1964 година во италијанското село Сита ди Кастело, Умбрија, а додека студирала правен факултет во Перуџа, истовремено работела и како моделка. За многу кусо време нејзината кариера како моделка почнала да се движи во нагорна линија, па токму поради тоа во 1988 година се преселила во центарот на модата - Милано и и' се приклучила на модната агенција „Елит модел“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О