ТУРЦИЈА: Новинар стана советник на разузнавачите

Новинарот Нух Јилмаз е назначен за консултант за јавни информации во Турската национална агенција за разузнавање (МИТ) што е прв пат една личност надвор од организацијата да биде назначен на тоа место, пренесе „Хуријет“.


Колумнистот во дневниот весник „Туркиш дејли стар“, Јилмаз беше назначен за консултант кој е одговорен за јавни информации во Турската агенција за разузнавање, објави МИТ во соопштение.

За разлика од сегашниот консултант Шенол Балтаџиоглу, кој беше дел од МИТ во последните 30 години, Јилмаз бил повикан да работи од надвор од организацијата. Во соопштението се објаснува дека Јилмаз ќе го замени Балтаџиоглу за една седмица, кога сегашниот консултант ќе се пензионира.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О