Се отвара Н1, нова телевизија за просторот на екс-ЈУ

Нов телевизиски канал Н1 наменет за гледачите на поранешна Југославија ќе биде отворен во текот на 2014 година.

Како што јави Танјуг, телевизијата Н1 ќе биде специјален партнер на Си-Ен-Ен во регионот на Западен Балкан и ќе емитува програми од студија од Белград, Загреб и Сараево, а ќе има и локални дописништва во повеќе други градови.

Генералниот директор на Н1, Брент Садлер изјави дека новата телевизија ќе има своја специфична програма базирана на новости од регионот, кои ќе бидат истовремено емитувани од трите центри.

Телевизијата ќе емитува и емисии и програми на Си-Ен-Ен со превод на локалните јазици, нагласи Садлер.

Главен инвеститор на Н1 е компанијата „Јунајтед Груп“, која ја сочинуваат српскиот кабелски оператот СББ, „Телемах Словенија“, „Телемах Босна и Херцеговина“ и телевизијата „Тотал ТВ“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О