Кај ќе бевме ако само еден пораз не турнеше на земја и ни го убиеше
моралот. Македонската „фаланга“ ја проголта горката неправда од синоќа и
се крена напред кон новите предизвици. Поразот од Црна Гора го протолкувавме како повторување на историјата, како услов за победи во следните натпревари.
Денеска, пред мечот со Литванија (21.00), низ Јесенице се виеше оро.
Македонците и овде се едни од најзабавните и највеселите навивачи, а
сега, за разлика од пред две години многу пософистицирани се навивачките
маски и реквизити.
Оваа дружина споено го дава името Македонија, на латиница, а мустаќите јасно асоцираат дека тие се потомците на Гоцевата раса.
Се надеваме дека денов ќе заврши како што почна – со оро и со громогласна „Излези момче“.