Огромен змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење


Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеОваа огромна скулптура на змеј е иновативна креација целосно направена од 10.000 кинески стапчиња за јадење. Змејот е направен за да го промовира отворањето на ресторанот„Aziatage Café“ во Екатеринбург, Русија минатата година. За да го привлечат вниманието на минувачите, маркетинг агенцијата Voskhod ги ангажирала момците од агенцијата StreetArt кои помогнале во осмислувањето на оваа интересна кампања.Секој случаен минувач кој сакал да учествува во креирањето на големиот змеј, добивал по еден пар стапчиња за јадење. Едното го сместувал во однапред направени дупчиња на таблата, притоа замислувајќи си желба, додека второто стапче служело како потврда за 10% попуст за првиот оброк во ресторанот. Големиот змеј се наоѓал веднаш до главниот влез на ресторанот, а во видеото подолу ќе можете да го погледнете целиот процес на создавање на змејот. Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење 
 Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О