Колумна:Смртта на Проески

Смртта на Проески



Се исплашив...се исплашив кога ја слушнав веста...само едно јасно чувство на страв...дефинирано како морбидно студен ужас, како аритметичка равенка, без емоции на плач, без состојба на шок и траор, само неодреден страв на јасно дефинирана дефетистичка мисла... “Нема да не биде”. Ако ликови како неговиот, чисти во својата наивност, простодушни, искрени и неодоливо шармантни, немаат виза за престој, што со нас, проклетија со погана уста?

Сите плачат, велат од тага... или можеби од свесноста за сопствената смртност и страв за

Балканците се просечни во посакувањата,...

- сакаат да бидат богати - но не пребогати за да можат да се дружат најнормално со секојдневните пријатели во кафеана.

- сакаат да бидат успешни и популарни, но до толку да не мора да одат со обезбедување...


Ние имаме некаков - каков-таков ген за солидарност, соборност, некоја исконска емпатија и покрај се, а “малиот”, мислам на Тоше, некако, како да беше беше заеднички именител на сите нешта и затоа неминовно беше хуман, затоа што ја имаше доживеано судбината на празна трпеза со муфлосан леб, нешто што ќе го расплакува и обеспокојува до крајот.

Доволно верник, доволно патриота, доволно паметен, ништо над просекот, ниту под него, нормален млад човек ... освен неговиот глас... а имаше глас да ти испее и душа да ти заигра.

Не ја сакав претерано неговата музика, посакував да пее музика како на нашиот состав Анастасија, длабока, продлабочена песна, несекојдневна, алтернативна ... но за негова среќа си остана со своето видување на поп музиката и тоа во доволна мера да им се спротивстави на сите шунд трендови на турбо-кафанските поскочици кои не заплиснуваа од сите страни и да им се обрати на сите млади, сите оние кои бараат љубов, кои бараат убави нешта во животот. Кажав дека беше хуман, но не заради маркетиншки причини, немаме ние уште таков мен-менаџмент да извлекуваме корист од галење деца по болници, такво нешто функционира на големите западни пазари, овде, каде пиратите "мамата му ја плакаа" и му земаа и ограбија повеќе од она што реално го заслужува, продавајќи лажни копии на неговите албуми на хауби од автомобгил. Искрено ги сакаше и ги тешеше оние на кои сите ние им вртевме грб, на болните, сиромашните, децата без родители ...

Ајде, бидете искрени, нели би требше Тоше да биде еден од најбогатите луѓе во земјава? Нели би било тоа заслужено? По мене, имаше далеку премалку одошто заслужуваше...материјално...затоа пак духовно, беше сакан и обожуван на начин како што само едни Битлси беа сакани, искрено и со еуфорија.

Премногу личеше на овој народ, на балканските народи, а имаше доволно сила и енергија за да ја пополни дупката во нашата ментална слика за нас кои не успеваме да се одлепиме од дното само заради мрзата која ја поседуваме во изобилство. Беше истраен, како маратонец, имаше дисциплина во својата борба, да турка, да тркала, да се измачи и истрае на патот до успехот, нешто што нам ни недостасува во изобилство.

Палат свеќи на тревници, во црквите празни свеќници - уште една слика на искривената вера, но дури и такви, несредени, злобни, завидливи, несреќни, раскарани во сите сфери, побожни-атеисти, леви-десни, горни-долни, беше единственото заедничко нешто на оваа земја. Да беше Античко време, ќе научеше да се мечува и имаше доволно харизма да поведе војска до Индија... Но нашиот Џемс Дин, Елвис, Ленон, ја доживува судбината на секој метеор - спектакуларна небеска претстава која трае кратко .... но во неговиот случај прекратко... колку само ќе недостасува ...
Една од најубавите молитви кон него, напишана од еден верник

“Тоше си ја испеа својата песна за заодот на сонцето пред изгрев,
за разделбата од младоста во цутот на младоста - со пламенот на љубовта на ангелите и со благоста и чистотата на децата. Ни ги допре срцата со својот дар Божји, за нашите солзи да му станат молитви пред Бога. Нека изгрее пред него Светлината на Лицето Христово - Сонцето без заод. Боже, помилуј ја неговата душа и дари им сила на неговите родители и ближни во овие тешки мигови.”
наталожените гревови кои ги носиме во себе. Ја најдовме утехата преку еден современ архетип кој беше она што секој сака да биде - убав, успешен, добар, ценет, популарен, почитуван, сакан, талентиран... Тој беше сонот на просечниот Македонец, доволно успешен и доволно среќен за да се идентификуваш со него. Ние на Балканите не се идентификуваме со костумирани јунаци, децата не се поистоветуваат со супермен, бетмен, освен понекогаш за маскенбали, бидеејќи нивни рол-модели, идоли, херои се конкретни луѓе кои можат реално да бидат она што се посакува.

Пишува: Јанко Илковски

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О