Најстариот маж на светот Салустиано Санчез-Бласкез почина на
112-годишна возраст, соопштија претставници на „Светски Гинисови
рекорди“.
Според соопштението, тој починал во петокот во домот за стари лица во
Гранд ајленд, во државата Њујорк. Поранешниот музичар и рудар,
Санчез-Бласкез, со прекар Касија, беше официјално прогласен за најстар
жител на Земјата од машки пол, кога во јуни почина Џироемон Кимура на
116 години.
Санчез е роден на 8 јуни 1901 година во Шпанија. На 17-годишна
возраст се преселил на Куба, а од 1920 година живее во САД. Тој има две
деца, седум внуци, 15 правнуци и петмина праправнуци.
Во моментот водечки кандидат да биде прогласен за најстариот маж на
светот е 111-годишниот Италијанец Артуро Ликата. Според Гинис,
најстарата жена на светот во моментот е 115-годишната Мисао Окава од
Јапонија