Во Мексико во невремето 123 мртви и 63 исчезнати


Во невремето што го зафати Мексико изминатата седмица смртно настрадале 123 луѓе, додека 63 лица се водат за исчезнати, соопшти министерот за внатрешни работи Мигуел Анхел Осорие Чонг.


„Досега имаме податоци за 123 лица коишто ги загубиле животите", изјавил министерот на прес-конференција во понеделникот навечер во познатото туристичко место Акапулко, еден од најпогодените градови од невремето кој пет дена беше отсечен од остатокот на Мексико.

Бурите Мануел на брегот од Тихиот Океан и Ингрид на Атлантскиот Океан, мината седмица опустошија 22 од 32 сојузни мексикански држави, каде се оштетени најмалку 1,5 милини куќи.

Според стручњаците, пустошењето што го предизвикале двете симултани тропски бури во најголем дел може д асе припише на лошиот квалитет на градењето и на слабата инфраструктура. Додека едно сметаат дека малку можело д асе стори против овој природен феномен незапаметен во Мексико од 1958 година, експертите сметаат дека последиците од него се засилени со лошата урбанистичка политика, лошиот квалитет на патната мрежа и нелегалната дефорестација, уништување на шумите.

„Tоа не изненадува. Се гради во зони коишто не се за градба, без никаков план. Едните прават бизнис, другите умираат", вели професорот од технолошкиот институт Хезуз Силва-Херцог Маркез.

Државата Гереро, во јужниот дел од Мексико претрпи најголеми уништувања. Според центарот за човекови прва Тлачинолан во Гереро, две од три градежни компании потпишуваат спорни договори коишто им носат заработка, а ги потврдуваат регионалните власти. „Нема контрола за да се провери дали договорите се во согласност со пропишаните стандарди за планските подрачја", вели директорот на овој центар, Абел Барера.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О