„Денес е голем ден, денес е 15-ти септември, денес народот ја зема судбината во свои раце, и Рада и Фрчко и Заев сите се мои деца. Го знам и Заев права тарабука, не ме слушаше за Глобал и ме избрука“.
Членот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој го одглуми Бранко Црвенковски, но и Заев и Шеќеринска и не се претстави пред камерите е всушност Александар Трајковски, функцинер на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.
Трајковски ја предводеше групата непартиски верници во опсадата на општина Центар, а беше и предводник на маршот за семејство и детски колички.