Американскиот портал Beautiful Women Pedia ја прогласи 26-годишната Босанка Соња Зекиќ за најубава природна жена на светот за 2013 година. Соња потекнува од Жепчe, а од својата 18 година се занимава со манекенство. Последните неколку години живее во Сараево каде заврши Економски факултет и работи во рамки на својата струка.
„Американците за победата и доделувањето на титулата ме известија преку е-меил. Моите фотографии ги пронашле на интернет и на Фејсбук, а врз нивна основа жирито ме прогласило за најубава природна жена за оваа година“, изјави Соња за сараевскиот портал Klix.
„Кога видов дека на нивната листа зад мене беа и светски познати модели кои работат за најпознатите светски модни куќи и брендови, прилично се изненадив, па оттука сум посебно горда на оваа титула која, се надевам, ќе ми отвори многу можнјости да напредувам во светот на модата“, додаде убавицата.
„Таа има сјајно лице и идеално тело со беспрекорни женски атрибути. Тоа и е причината да стане најубава природна жена за 2013 година. Соња е прекрасна, а убавици како неа е сé потешко да се најдат, бидејќи живееме во свет на илузии, генетски модифицирана храна, Фотошоп, пластични операции и слично“, пишуваат од Beautiful Women Peida кои порачуваат дека Соња е одличен пример за природна убавина на здрава девојка.