Спасил 2,4 милиони бебиња донирајќи ја својата крв

Џејмс Харисон, 76-годишен Австралиец, до сега спасил повеќе од 2,4 милиони бебиња донирајќи ја својата крв која содржи редок антиген кој лечи хемолитичка болест кај новороденчињата.
Харисон како 13-годишник имал тешка операција која ја преживеал благодарение на донирана крв и се заколнал дека штом стане полнолетен ќе донира крв.
Уште по првото дарување крв утврдено е дека неговата крв содржи многу редок антиген Rh0(D) Имуно глобулин, кој спречува развиток на хемолитичка болест која се јавува пореди различни крвни елементи кај трудниците и бебето.

Откако се дознало за овој редок тип крв, Харисон се согласил на истражувања врз основа на кои е направена Anti-D вакцина.

-Ме осигураа на милион долари, па знаев дека мојата сопруга Барбара е осигурана и ќе има пари за живот ако јас умрам. Не ми беше веќе страв, туку бев среќен што можам да помогнам- вели овој 76-годишник.

До сега донирал крв 1.042 пати и така усреќил милиони мајки, меѓу кои и неговата ќерка Трејси која родила здравло машко бебе.

Тој се надева дека до 81 година ќе дарува крв 1.111 пати

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О