На Џоли и преостануваат уште 3 години живот?!


На актерката Анџелина Џоли и преостануваат уште три години живот.
Таа тајно започнала да составува „bucket list” со работи кои сака да ги направи пред да умре, пренесува „America’s Globe magazine“.
Џоли, 38, неодамна беше подложена на превентивна двојна мастектомија со цел да се минимизира нејзиниот ризикот од рак на дојка, а планира да направи и дополнителна хируршка операција за да го отстрани ризикот од рак на јајници, но и покрај тоа таа е убедена дека нема уште многу преостанато време.
- Анџелина се обидува да го живее својот живот до максимум бидејќи чувствува длабоко во себе дека не и преостанува уште многу живот, открива изворот. Таа прави сè за да го продолжи својот живот, но верува дека нема да ја доживее средината на 40-те.

Мајката на Џоли почина на 56 години во 2007-та година, по долга битка со рак на јајникот. Актерката, исто така, го изгубила својот дедо по мајка, бабата и чичкото од рак.
- Не постои долговечност од страната на мајка ми, изјави Анџелина претходно за Esquire магазинот.
Поради тоа број еден на нејзината листа е да се омажи за Бред. Таа сака легално да бидат маж и жена со цел да не постојат спорови откако ќе почине. Таа се грижи за се околку неа со цел нејзините 6 деца да бидат добро згрижени, додава изворот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О