5 најдобри функционалности на Galaxy Note III

Samsung пробува да се диференцира од останатите производители на мобилни телефони и таблети, а еден начин за тоа е преку користењето на S Pen (пенкало за екранот на допир) кое доаѓа со Galaxy Note III...

Да погледнеме кои се најинтересните новини во овој модел:

Action Memo

Оваа опција е достапна од Air Command ценатрот, а ви овозможува на брз начин да додавате забелешки (notes). Иако постојат голем број на слични апликации, сепак Action Memo е уникатна бидејќи може да го прочита вашиот ракопис, со што не мора да пишуваме да виртуелната тестатура.
На пример, можете да напишете број, а потоа директно да се јавите од Action Memo или да го зачувате во вашите контакти. Локациите пак, автоматски се праќаат до Google Maps.

Подобрен Multi-Window

Samsung го промовираше Multi-Windows со Galaxy Note II минатата година, а потоа беше воведен и на останатите уреди, како на пример Galaxy S4. Оваа опција ви овозможува да креирате две прозорчиња на вашиот екран, кои можете самите да ги зголемувате или намалувате. Со тоа, ќе можете да работите на две апликации истовремено.
Note III го подобрува овој концепт со тоа што двете апликации ќе може да споделуваат податоци помеѓу нив преку едноставен drag and drop метод.

Pen Window

Уште една функција од Air Command центарот е Pen Windows. Ова е екстензија на целосната рамка на Samsung, а ви дозволува да отворите една „лебдечка“ апликација над веќе постоечката во големина што на вас ви одговара. Откако ќе го изберете Pen Windows, можете да нацртате коцка на било кое место од екранот во големина која сакате. Потоа, телефонот ќе ве праша која апликација сакате да ја отворите во тој простор.
Засега не се поддржани сите апликации, но оние главните, како Facebook и YouTube, работат одлично.

Scrapbooker

Scrapbooker е уште една функција поврзана со Air Command центарот. Замислете си го ова како ваш виртуелен органајзер за сите важни содржини од Интернет. Се што треба да направите е да го активирате Scrapbooker и да нацртате круг околу содржината што сакате да ја зачувате.
Note III ќе ги зачува сите информации од кругот директно во Scrapbook апликацијата. Нормално, не морате да бидете ултра-прецизни. Scrapbook ќе ги екстрактира сите информации (текст, слики) што се во пресек со кругот. Исто така, Scrapbook може да зачувува и видеа.

S Finder

Очигледно е дека Samsung се фокусира на рачното пишување како главна предност на Galaxy Note III. Бидејќи сите функционалности на еден или друг начин се поврзани со S Pen и рачно напишани содржини, S Finder претставува алатката која ви помага да се снајдете во тој „хаос“.
Преку S Finder, можете да ги пребарувате сите рачно напишани содржини, на вашиот телефон, но и на Интернет. На пример, ако сте нацртале ѕвезда, потоа можете да ја најдете само преку S Finder. Сеуште не сме ја тестирале лично оваа функционалност, но иницијалните рецензии велат дека работи одлично.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О