Се сеќавате на матурантката која со нејзиниот фустан стана хит на интернет? Нејзините креации сега се на црвениот тепих

18-годишната Кајма Макентир со својот матурски фустан направи вистинска бура на социјалните мрежи, но се чини и добар вовед во дизајнерска кариера.



Кајма на матурата се појавила во преубав фустан кој самата го дизајнирала. Инспирација за овој дизајн пронашла во своите африкански корени, а од идејата до изработката на фустанот, се` направила сама. Нејзиниот труд не останал незабележан.



Оваа креација воодушеви многумина на интернет, па пред титулата за кралица на матурата освоила и титула за најубав матурски фустан. Во меѓувреме, Кајма направила еден чекор понатаму. Дизајнирата тоалета за црвениот тепих и тоа ни помалку ни повеќе, туку за црвениот тепих на BET наградите.


Пејачката Натури Ногтон ја видела на интернет креацијата на младата Кајма и толку ѝ се допаднала, што посакала да носи токму нејзин дизајн на црвениот тепих. Натури ја контактирала Кајма преку мејл и многу брзо договориле соработка.

Пејачката, исто како Кајма сакала тоалета инспирирана од нејзините африкански корени. Иако тоа е само вториот фустан кој го направила, Кајма го прифатила предизвикот. Резултатот е - една од најзабележаните фустани на BET наградите.



Кајма сака да се занимава со дизајн и моментално се подготвува за студиите по дизајн, а очигледно добро започнала со таа работа.



„Јас сум уметник кој многу го интересира врската измеѓу уметноста и светот. Запознав многу култури и многу луѓе и сето тоа ме инспирира. Не дозволувајте другите да ве одредуваат. Прекрасни работи се случуваат кога верувате во себе“, порачува оваа млада девојка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О