Почнаа редиците пред продавниците на Apple за новиот iPhone

Колку им значи на луѓето први да стигнат до новите гаџети, говорат редиците пред продавниците кои се создаваат веднаш штом се објави промоцијата на некој нов производ. Со оглед на тоа што медиумите известија дека новиот iPhone 5S ќе биде претставен на 10-ти септември, тоа предизвика луѓето да почнат да се собираат пред продавниците на Apple.


Huffington Post објави фотографија од првите кои пристигнале пред продавницата на Apple во Њујорк, а се очекува нивниот број да се зголеми со текот на времето. Работата е што ако телефонот биде претставен на 10-ти септември, тоа значи дека тој во продавниците ќе стигне во период од повеќе од една недела по промоцијата, што значи дека оние кои сега застанале во редот, можно е да останат таму речиси две недели.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О